Page 9 - 2394-Teknoxgroup_Macedonian-MK
P. 9
D5 & D6
D5 и D6 (порано D6N и D6T) имаат опции за
стандарден или за низок притисок на земјата
(LGP) и традиционален булдожерски нож или
сечило со променлив агол на навалување (VPAT).
Ваквите опции, заедно со автоматскиот менувач,
ги прават овие машини многу универзални. Тие
на операторите им даваат исклучителна агилност,
снага за преместување големи парчиња материјал и
умешност за постигнување најквалитетни завршници.
D6 XE
D6 XE е првиот дозер на електричен погон
во светот. Нема брзини за менување, а
постојаниот пренос на снага до земјата
помага да се испорача до 35% подобра
ефикасност во однос на потрошувачката
на гориво од неговиот претходник.*
Во споредба со 2014-2016 3-брзински D6T
D7 & D8
Овие машини се погодни за оние чиј
приоритет им е продуктивноста во земјените
операции. Потешки се, имаат поголема
коњска сила и поголем капацитет на
сечилото од претходните модели. Тие исто
така имаат и напредни погонски единици.
Овие подобрувања им овозможуваат на
операторите да преместуваат повеќе
материјал на час со исклучителна ефикасност
во однос на потрошувачката на гориво.
D6 GC, D8 GC & D6R2
Во земјите каде што регулативите се
поблаги, понудата на дозери Cat е
заокружена на три робустни модели. D6 GC
и D8 GC имаат целосно механички погони
кои се лесни за сервисирање и можат да
преземат секаква работа, од градежништво
до шумарство, дури и во најоддалечените
области. Конечно, D6R2, со својот
електронски мотор и 3-брзински пренос и
диференцијален управувач, нуди одлична
ефикасност во однос на потрошувачката
на гориво и едноставно користење.
Cat Magazine 9