Page 6 - 2394-Teknoxgroup_Macedonian-MK
P. 6

Видео:
                                                                                                 youtube.com/
                                                                                                 watch?v=35E79BVt_5c











                                                                  Најпосле, кога машините се најдоа на
                                                                  градилиштето на Алпите, на повеќе од 2.000
                                                                  метри надморска височина, тим од сервисери
                                                                  на Zeppelin, сите експерти за големи машини,
                                                                  почнаа да работат на модификација и монтажа.

                                                                  Едниот дозер Cat D8T имаше додаден заден рипер
                                                                  со три заби, а другиот заден рипер со еден заб. И
                                                                  двата беа опремени со SU-сечила широки 3,9 метри
                                                                  и PPR XL-погони. И на моторниот грејдер Cat 140
       CAT  МАШИНИ ШТО СЕ                                         AWD му беше проширено сечилото. Додека сите
            ®
                                                                  седум Cat 777G беа опремени со каросерии од
       КОРИСТЕНИ НА ПРОЕКТОТ:                                     посебен челик Hardox. Двата 140-тонски ровокопачи
       • 7x 777G дампери                                          беа модифицирани со заштита од дополнителни
                                                                  цилиндри поставени на нивните моноблок HD-гранки.
       • 2x 6015B хидраулични рударски лопати                     Сите дампери беа опремени со дигитални LED-
                                                                  дисплеи за тежина и модифицирани радио антени за
       • 2x 352 ровокопачи                                        да се обезбеди преносот на податоци на планина.
       • 2x D8                                                    Друг проблем специфичен за машините со оваа

       • 2x D6XE дозери                                           големина и број беше полнењето гориво. Со оглед
       • 1x 140 моторни грејдери                                  на тоа што некои резервоари имаат капацитет до
                                                                  1.700 литри, полнењето гориво од обични пумпи
                                                                  би траело предолго и сериозно би ја одложило
                                                                  работата. Само во случајот со дамперите, се процени
                                                                  дека ќе бидат потребни седум часа за повторно да
                                                                  профункционира возниот парк. Решението беше да
                                                                  се позајми технологија за брзо полнење гориво од
                                                                  Формула 1, што значеше дека полнењето гориво
                                                                  на машините ќе може да се брои во минути.
                                                                  По сите предизвици за да стигнете толку
                                                                  далеку, важно е да направите чекор назад и
                                                                  да одвоите момент за да подразмислите: “Ги
                                                                  сакам Алпите. Сакам да сум тука”, вели Симон.
                                                                  “Секогаш кога го посетувам местото, буквално
                                                                  ми го одзема здивот. Ваквите проекти се многу
                                                                  посебни и прекрасно е да се биде дел од нив.”

                                                                  Откако ќе биде завршена во 2026 година, браната
                                                                  Китаи 2 ќе се протега на две планини високи 3.000
                                                                  метри и ќе складира над 33 милиони кубни метри
                                                                  вода. А хидроцентралата што ја напојува ќе биде
                                                                  значаен извор на обновлива енергија за регионот. ■
   1   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11