Page 18 - 2346-Teknoxgroup_Macedonian-MK
P. 18

Ги отвораме вратите во Русија



                                                             ПРВИОТ ЦЕНТАР ЗА

                                                             ПОСЕТИТЕЛИ НА

                                                             CATERPILLAR ВО

                                                             ЕВРОАЗИЈА СЕ ОТВОРИ

                                                             ОВОЈ СЕПТЕМВРИ







                                                       Приближувањето до клиентите е суштината
                                                       на нашиот бизнис. Најпосле, нема замена за
                                                       средба во живо за вистински да разбереме што
                                                       некој сака и што му е потребно од нас.

                                                             Токму затоа продолжуваме да инвестираме во
                                                             Центарот за посетители Caterpillar Hall ширум светот
                                                             – целта ни е да ги доближиме производите, услугите
                                                             и технологијата на Cat до оние што ги користат.

                                                             Особено се гордееме со најновиот центар што се наоѓа
                                                             непосредно до Санкт Петербург во производниот погон на
                                                             Caterpillar Tosno. Тоа е нашиот прв Центар за посетители не
                                                             само во Русија, туку и низ целиот регион на Евроазија.

                                                             Чекањето беше исплатливо. Поминаа две години во
                                                             планирање и изградба на овој импресивен еднокатен деловен
                                                             центар што нуди 1.415 m² простор за истражување на
                                                             светот на Caterpillar. Покрај тоа, просторот за демонстрации
                                                             од 10.000 m² е совршен за обука и настани.

                                                             Со капацитет за 350 луѓе, тој е и идеален простор за големи
                                                             настани, лансирање производи, па дури и големи забави
                                                             за дистрибутерите. Додека неговите шест конференциски
                                                             сали, секоја целосно опремена со најнови, најсовремени
                                                             аудио-визуелни системи и глобални комуникациски
                                                             уреди, се идеални за помали настани и презентации.

                                                             За жал, поради пандемијата во моментов не можеме да
                                                             одржуваме настани, но ја следиме ситуацијата и штом ќе
                                                             можеме, ви ветуваме дека ќе биде многу посебно. ■
        i    За повеќе информации или за резервација на
             вашиот следен настан, контактирајте не’.
             Е-пошта:
             caterpillar_hall@cat.com
             Целна страница:
             cat.com/russia-visitor-center
                                                          БИЗНИС              ПРОСТОР ЗА               НАСТАН
                                                          ЦЕНТАР             ДЕМОНСТРАЦИИ              Капацитет:
                                                       Големина: 1.415m²     Големина: 10.000m²        350+ гости
   13   14   15   16   17   18   19   20