Page 17 - 2319-Teknoxgroup_Macedonian-MK
P. 17
Svitzer Port Said 1 го турка Ever Given.
НАПОЈУВАЊЕТО НИЗ ИСТОРИЈАТА
Нашата историја за напојување пловила што крстарат
и го одржуваат Суецкиот канал започнува во 1954
година кога дизел моторите EMD за првпат напојуваа
два морски влечачи во Суецкиот канал, по име Кирш
и Чадид. Следната серија од три морски влечачи
со дизел мотори EMD беа ставени во употреба
во 1962 и 1963 – тие влечачи се’ уште работат до
денешен ден. Традицијата продолжува со многу
клиенти кои работат на каналот, потпирајќи се на
мотори MaK и Cat што ги движат нивните пловила.
Род Шурман, заменик-претседател на Одделот
за нафта, гас и поморство во Caterpillar вели,
“Нашите клиенти од областа на поморството што
работат на Суецкиот канал и ширум светот се
виновни за одржувањето на глобалната трговија,
24 часа дневно, секој ден.” Голема е одговорноста Ezzat Adel го влече клунот на Ever Given.
што Caterpillar и нашата светска дистрибутерска
мрежа со гордост ја преземаат и поддржуваат.”
Од 1938 година наваму, Cat Marine напојува пловила
во пристаништата ширум светот. Ние сме водечки
снабдувач во морската индустрија со морски дизел
мотори со средна и голема брзина, решенија за
пропулзија и следење на пловилото. Вчера, денес и
утре, Caterpillar е посветена да ги обезбеди нашите
клиенти - независно дали се на копно или на море - со
се’ што им треба, тогаш кога им е потребно. Знаеме
дека нашите клиенти ќе бидат таму кога телефонот
ќе заѕвони. Ќе се погрижиме да бидат подготвени. ■
Svitzer во спасувачка
операција на Ever Given.