Page 16 - 2319-Teknoxgroup_Macedonian-MK
P. 16

Почетокот на изградбата


                 на Суецкиот канал.
      1859       Отворањето на Суецкиот канал.




      1869       Cat Marine започнува да напојува пловила   1950




      1938       во пристаништата ширум светот.
                 Дизел моторите EMD напојуваа
                 два морски влечачи што крстареа





      1954       и го одржуваа Суецкиот канал.
                 Проширување на каналот со
                 тешка градежна опрема Cat.



      1956                                           1956
                 напојувани од дизел мотори EMD
                 Три, нови морски влечачи




      1962       беа ставени во употреба.             КРАТКА ИСТОРИЈА
                                                      Градењето на Суецкиот канал започна во 1859. Беше
                                                      завршен 10 години подоцна – првично пловен пат со една
                                                      сообраќајна лента без превојници, којшто го поврзуваше
                                                      Средоземното со Црвеното море. Задачата беше огромна.
                                                      А во тоа време, многумина ја сметаа за невозможна.

                                                      Кога каналот се отвори во 1869, речиси веднаш започна да има
                                                      големо влијание врз светската трговија, правејќи го движењето
                                                      на меѓународниот товар побрзо и поевтино. Пресекувајќи преку
                                                      Истмус од Суец во Египет, каналот го одделува континентот
                  Ever Given:                         Африка од Азија, обезбедувајќи ја најкратката поморска рута
                  Должина: 400 m                      помеѓу Кина и Европа. Иако управувањето со каналот има
                  Ширина: 58,8 m                      проблематична историја, тој останува исклучително важна рута и
                  Висина: 32,9 m                      денес - според некои се проценува дека низ него се одвива 10%
                                                      од тековниот глобален поморски комерцијален сообраќај.

                                                      ОПРЕМАТА CAT ОДИ НА РАБОТА
                  Суецки канал:                       Како што би можело да се замисли, еден толку голем воден пат
                  Должина: 193 km                     бара континуирано одржување и тогаш и сега. Во 1956 година
                  Максимална длабочина                со цел да се прошири каналот се користеше опрема за земјени
                  денес: 24 m                         работи. Три дозери Cat D8 и два скрепери No. 80 беа набавени
                  Максимална длабочина                од F.E. Whiteman & Son Co. Се верува дека тоа е прв пат да
                  1869: 8 m                           се користи тешка градежна опрема на историскиот канал.
                  Превојници: 0
                                                      Според историчарот и архиварот на Caterpillar Ли Фосбург, “Според
                                                      нашите досиеја изведувачот изјавил дека опремата Cat лесно ги
                                                      совладува стрмните нагиби. Изведувачот исто така забележал
                  Време:                              дека инженерите на Суецкиот канал, кои претходно имале искуство
                  На бродовите им треба од 11 до      само со рачниот труд на работниците, биле вчудовидени од
                  16 часа да поминат низ каналот.     големината на товарот што можеле да го поместат скреперите.”






     16  Cat Magazine
   11   12   13   14   15   16   17   18   19   20