Page 18 - 2438-Teknoxgroup_Macedonian-MK
P. 18

Тим Панцар
                                                 Ракувач во T. Falks Entreprenad, Шведска




                                         “Мислам дека ова е најудобната
                                          кабинаво која сум седел досега.”












                                                                        Тим е подеднакво импресиониран од количината
                                                                        на технологија спакувана во машината. Особено
                                                                        од технологијата што го штити неговото свето
                                                                        место токму онака како што тој сака. “Поголемиот
                                                                        дел од времето, јас сум единствениот човек кој
                                                                        управува со 982, но ако тоа не е случај, со ИД на
                                                                        ракувачот се зачувуваат моите преференции и се
                                                                        ресетираат веднаш штом ќе влезам во кабината.
                                                                        Исто и профилите на апликациите. Поставено ми
                                                                        е токму онака како што ми се допаѓа. Но, ако некој
                                                                        друг ја користи машината и ги промени поставките,
                                                                        враќањето на моите профили е многу едноставно.”
                                                                        Друга карактеристика што ја цени Тим е
                                                                        eOMM (електронски прирачник за работа
                                                                        и одржување) и вградените помагала за
                                                                        работа. “Да можете лесно и со едноставна
                                                                        графика да пристапите до информации за
                                                                        одредена команда е супер практично.”
                                                                        Кога станува збор за подобрување на
                                                                        перформансите и продуктивноста, Тим издвојува
                                                                        три од неговите омилени карактеристики. Auto Set
                                                                        Tires или автоматското поставување пневматици
                                                                        ја подобрува тракцијата и помага да се намали
                                                                        абењето на гумите (Auto Set Tires воведува команда
                                                                        за мало подигање што ги втиснува предните
                                                                        гуми и го намалува лизгањето). Autodig беше
                                                                        исто така многу корисен, особено кога новите
                                                                        ракувачи преминуваат од една на друга машина.
                                                                        И Cat Payload, што се грижи ракувачот да не го
                                                                        преоптовари камионот. “Всушност, системот Cat
                                                                        Payload е толку прецизен што го користиме за
                                                                        калибрирање на системот за мерење тежина
                                                                        на дробилките. Бидејќи сме платени по излезен
                                                                        готов материјал од дробилките, треба да се
                                                                        погрижиме тие да се точни”, истакна Тим.

                                                                        Последниот збор го има Рикард. “Кога го добивме
                                                                        Next Gen 982, ни беше кажано дека трошоците
                                                                        за одржување ќе бидат до 20% пониски. И
                                                                        дека можеме да очекуваме зголемување на
                                                                        продуктивноста за дури 10%. Откако ја купивме
                                                                        машината работиме напорно со неа,
                                                                        така што можам да потврдам дека тие бројки се
                                                                        вистинити. Навистина е толку импресивна.” ■
   13   14   15   16   17   18   19   20