Page 15 - 2294-Teknoxgroup_Macedonian-MK
P. 15

Тарек Џалад
 Либан и градот Бејрут имаат тешко минато. Од граѓански војни до бомбардирања,   и Тони Акики
 протести и КОВИД-19, а како последно и разорна експлозија за којашто ескпертите
 велат дека е една од најголемите ненуклеарни експлозии во човечката историја.


       Тарек продолжи, “Заложбите на нашиот тим беа еден од
       најгордите моменти што сум ги имал како управител на
       дистрибутерот. Чувството за споделена граѓанска должност
       и хуманост беше инспиративно и навистина охрабрувачко.
       Не запре само со расчистувањето на шутот по улиците.
       Многу од нашите луѓе во тимот влегуваа дури и во зградите
       по барање на станарите за да им помогнат да ги расчистат
       домовите. Се сеќавам како една жена излезе од нејзиниот
       стан, со солзи на лицето, прашувајќи не’ кои сме и зошто
       правиме толку добро дело. И’ реков, од името на сите
       нас кои бевме таму, дека тоа е најмалку што можеме да
       сториме. Тој момент ја долови суштината на денот.”
       Колку и да беше важно за Jallad да помогне, тука беше                                  По:
       и меѓународната заедница која исто така реагираше.
       САД испратија три џиновски транспортни авиони C-17 со
       хуманитарна помош. Пристигнаа три француски авиони
       со 55 спасувачи, медицинска опрема и мобилна клиника
       опремена да третира 500 луѓе. Европската Унија, Русија,
       Италија, Тунис, Турција, Кувајт, Катар и Обединетото Кралство
       исто така испратија хуманитарна помош и воен персонал.

       И Тарек и Тони се воздржано оптимистични во однос
       на тоа дали животот во Бејрут некогаш целосно ќе се
       врати во нормала. Изминаа шест месеци и постигнат е
       исклучителен напредок во однос на обновата, од станови,
       па се’ до инфраструктура. Меѓутоа, иако има напредок, на
       градот и на земјата се’ уште им треба многу помош. ■

       Повеќе детали на: www.cat.com





      5 август, 2020 г.                                    9 август, 2020 г.

      Хуманитарна помош                                    Волонтирање во заедниците
                                                           1x428F2

                                                           2x236D












      Меѓународната поддршка е опсежна и великодушна.      40 луѓе помогнаа 18 камиони да пренесат градежен шут во погон за рециклирање.
   10   11   12   13   14   15   16   17   18   19   20